Македонецот кој беше примен во болница со индискиот сој на корона вирусот, а кој се вратил од Ирак, заболел од Ковид-19 уште во мај.
Како што неофицијално објави „МКД.мк“, кај пациенто бил регистриран корона вирусот уште во мај во Ирак и таму веднаш бил хоспитализиран и лежел во болница до пред неколку дена. Во Македонија е донесен со специјален лет, а потоа со специјално возило веднаш е префрлен во приватна болница. Според извори на медиумот, тој цело време немал комуникација со други лица.
Индискиот сој на корона вирусот му бил детектиран минатата недела во лабораторијата во МАНУ, откако лекарите се посомневале на одредени здравствени проблеми.
Во моментов тој, како што велат извори на „МКД.мк“, е во добра здравствена состојба, сѐ уште лежи во болница, но заздравува, добро се чувствува, контактибилен е и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување.
Станува збор за македонски државјанин, инженер-цивил кој работел во воени единици во база во Ирак.
Индиската варијанта на вирусот е за речиси 40 проценти позаразна од британската. Лицата кои се вакцинирани со две дози имаат делумен имунитет и од овој сој и според некои студии дури 80 проценти од нив ќе бидат заштитени од потешки форми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.