Пациентот кој утринава скокна од прозорец од првиот кат на ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ бил хоспитализиран во интензивна нега.
Пациентот А.Ц., роден 1950 год.), во тешка состојба, и под психијатриска контрола и обсервација, и покрај сите преземени мерки, во утринските часови, скокнал од прозорец од првиот спрат. И покрај преземените реанимациони постапки од страна на дежурната екипа, во 7.30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни институции, Министерство за здравство, МВР, Јавен обвинител, ДСЗИ. Направен е увид на лице место, телото е предадено на обдукција, а ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор, велат од ГОБ „8 Септември“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.