Пациентот кој на 33-gодишна возраст почина поради компликации со коронавирусот во ГОБ „8 Септември“, бил со прекумерна телесна тежина, а вирусот направил тешка пневмонија, велат од Министерството за здравство за телевизија „Сител“.
Тој бил хоспитализиран на почетокот на месецот, а во болница се лекувал две недели. Од самиот прием бил со ниска сатурација и цело време на неинванзивна механичка вентилација.
Покрај сета друга терапија, пациентот примил и конвалесцентна плазма и озон, но и покрај сите напори на лекарите да му го спасат животот, тој вчеравечер починал – вели Министерството за здравсто за состојбата на 33-годишниот пациент кој е еден од починатите 29 лица во едно деноноќие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.