Пациентот од Скопје (64) болен од ковид-19 починал по пристигнувањето дома, а не во кола, се коригираат од Министерството за здравство, откако првично беше соопштено дека на барање на семејството тој е испишан од болница и починал во кола по заминувaњето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот.

Во текот на изминатите 24 часа починати се 9 лица од КОВИД-19 од кои пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.

Пациентот кој на барање и со потпис од семејството е испишан од 8 Септември е транспортиран до својот дом со возило на брза помош, починал по пристигнување, се вели во соопштението на Министрството за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.