Пациентката од Тетово, која требаше да се оперира од тумор на мозок, но на Нврохирургија одбиваа да ѝ направат операција, почина од компликации на коронавирусот, со кој се зарази во болница, пренесува „Алфа“. Семејството е крајно разочарано од негрижата и непрофесионалноста.
Ја однесовме да ја излечиме, ја вративме почината, вели синот Жарко Трајковски за телевизијата.
Две недели упорно се обидувале да стапат во контакт со болницата за да дознаат за состојбата на неговата мајка, но залудно. Единствениот повик што го добиле, бил само за да им соопштат дека починала. Се сомневаат дека не добивала соодветна грижа.
Вртено е од повеќе броеви, многу пати, никој не се јавуваше, да ни каже како се третира жената, како е, што е… Она беше неподвижна, полусвесна, она не можеше сама да се храни, вода да пие…Немавме никаква информација. Јас ја однесов да се излечи, а не да добие уште една болест која за неа беше фатална, вели синот на починатата.
Повеќе на „Алфа“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.