„Пациентите пред сѐ! Тоа е моето основно мото и желба во која најголем дел од животот сум инвестирала“, вели д-р Нина Цаца Биљановска, дерматовенеролог и докторка на медицински науки, која е актуелна медицинска директорка на Клиниката за Дерматовенерологија во Скопје.
Покрај извршувањето на нејзината директорска дејност, таа сѐ уште ја извршува и здравствената дејност. Понеделник и четврток се двата дена во неделата, кои ги посветува на пациентите.
Ова видео е објавено пред една година на Фејсбук страницата на министерот за здравство Венко Филипче.
Д-р Цаца Биљановска е четвртиот пациент заразен со коронавирус во Македонија. Ова го потврди денеска на прес-конфренција министерот за здравство, кој потенцираше дека е разочаран од однесувањето на директорката која се однесувала неодоговорно и не ги следела протоколите и препораките. Таа била во Италија, на скијање, во ризично подрачје и по враќањето наместо да оди во домашна изолација, таа отишла на работа, загрозувајќи ги пацинетите и колегите. Во меѓувреме била и на семинар на кој имало стотина колеги. За ваквото неодоговорно однесувањр таа може да одговара и кривнично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.