Процентот на заразени лица во последните 14 дена изнесува 5,5 отсто од бројот на тестирани лица заедно со тестовите од скринингот.

Зголемениот број случаи доаѓаат од познати кластери, но има и нови кластери во некои општини. Загрижува непочитувањето на мерките“, изјави Венко Филипче, министерот за здравство.

Министерот вели дека контролите направени во Тетово и Штип покажале непочитување на мерките.

Во Тетово не се почитуваат самоизолацијата, носењето маски и дистанцата. Во Штип не се почитуваат правилата за транспорт, особено на работничките по текстилните фабрики. Во автобусите се возат вработени од сите фабрики и не се почитува правилото за маски и процентот на пополнетост на автобусите. Имаме 17 заболени во една конфекција и 70 лица во изолација. Епидемиолозите се соочуваат со потешкотии со епидемиолошките анкети, пациентите даваат лажни адреси, лажни податоци.

Има концентрација на случаи во скопските општини Сарај, Чаир, Бутел, Гази Баба и Аеродром. Новодијагностицираните пациенти се заразиле кога имаше строги рестриктивни мерки. Има информации за граѓани што и со решение за самоизолација шетаат надвор. Барам поголема ажурност од страна на МВР за контрола и санкции. Продолжуваме активно да ја следиме состојбата, рече Филипче.

Тој најави можно воведување таргетирани рестрикции, по општини, согласно со бројот на новодијагностицирани лица. Ако бројот е голем, врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките.

Будно ја следиме ситуацијата и ако треба ќе воведеме такви мерки. Ги олабавивме рестриктивните мерки со задолжително почитување на дел од мерките. Одговорноста за враќање во нормала сега е кај секој граѓанин на нашата земја. Не можат здравствените работници сами да се справат. Мерките се јасни, не е тешко да се спроведуваат. Занемарувањето на присуството на вирусот е сериозен проблем. Колку побрзо го сфатиме ова, толку побрзо ќе излеземе од кризата и друг механизам нема, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.