Оставени сме да се снаоѓаме сами, вели ќерка на дијабетичар, кој иако е позитивен на ковид-19 и 12 дена има висока температура, за него место во македонските болници нема. Пациентите и нивните семејства ги споделуваат своите искуства на фејсбук-групите за поддршка, каде меѓусебе си даваат совети како да си помогнат себеси, зошто иако за министерот за здравство Венко Филипче „сè e под контрола“, во реалноста тоа изгледа вака:
Еве каква е ситуацијата. Татко ми е позитивен, со 12 дена висока температура. Моментално му е 40. Дијабетичар, опериран од чир на желудник и алергичен на парацетамол. Брза помош само што ме извести дека кревети за сместување нема, да пратиме ситуација и што може да се направи од дома, зашто им лежат пациенти во возила со саати додека чекаат. КРЕВЕТИ НЕМА!!!
Ова беше споделено синоќа, но до овој момент човекот не е хоспитализиран, туку семејството платило приватна медицинска сестра за да му стави инфузија и испитале крв во приватна лабораторија.
Вчера, ќерка на почината 76-годишна пациентка го повика Филипче да излезе и јавно да објави дека во ГОБ „8 Септември“ во Скопје е забрането да се примаат пациенти над 70 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.