Неколку штитеници на Психијатриската болница-Бардовци во Скопје се позитивни на корона вирусот, објавува Фактор.
Според неофицијалните информации, кластерот од неколкумина заболени е во одделението за Геријатрија каде што се сместени највозрасните пациенти.
Таму утринава е испратен тим за да направи увид, со цел да се знае точниот број на заразени со Ковид-19, како и за утврдување на контактите.
Како што велат изворите на Фактор, понатаму ќе се постапува според утврдените протоколи, што значи дека вработените кои веќе имале контакт со штитениците позитивни на корона вирусот ќе бидат во домашна изолација.
Заразените повозрасни штитеници ако немаат тешка форма на болеста, односно се со полесни симптоми ќе си останат изолирани од останатите во рамки на Психијатриската болница Бардовци – вели изворот на Фактор.
Во последните 24 часа, во Македонија е регистриран највисок број на позитивни на ковид, 445, од кои само во Скопје беа 249. Меѓу нив е и кластерот од Психијатриската болница Бардовци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.