Собранието на почетокот на 54. седница ги констатираше оставките на министерот за земјоделство и на заменик-министрите за образование и за култура.

Констатирани се оставките на министерот Арјанит Хоџа, заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани и заменик-министерот за култура Седат Сулејмани.

На дневен ред на денешната пленарна седница се повеќе точки, меѓу кои и Предлог-буџетот за 2022 година.

Седницата почна со задоцнување од околу два часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.