На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се одржи презентација на моделите на лесните тактички оклопни возила JLTV (Joint light tactical vehicle) на производителот „Oshkosh Defense“ за кои е планирано да станат составен дел од капацитетите на Армијата на Република Македонија.
На настанот ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменикот началник на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин.
За време на презентацијата, претставниците на медиумите одблизу ќе имаат можност да се запознаат со карактеристиките и способностите на возилото, а за заинтересираните медиуми ќе има можност да влезат во делот за екипажот на оклопните возила и да имаат тура со возење низ теренски услови со цел директно да се запознаат со перформансите на возилата.
Настанот се организира според важечките протоколи за здравствена заштита, одржување на растојание и носење заштитни маски во група
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.