Мицкоски ги повика граѓаните на 21 април масовно сплотени заедно да го поддржат кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, бидејќи она што им го ветиле на граѓаните а тоа е право, правдина и работа за поквалитетен живот ќе го испочитуваме.

На 21 април сите сплотени, сите еден до друг да им  кажеме дека не се во право. Најубавите денови допрва доаѓаат. Тие ќе дојдат после победата на предвремените парламентарни избори, кога овие луѓе кои денеска зборуваат пред вас секојдневно крваво, пеколно ќе работат, а не политичари кои што ќе газат дебели, црвени килими на балови дотерани во фрак со лептир машна, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.