Се ближи јуни. Минатата година во јуни чувме од власта дека доколку го решиме проблемот со Грција, ќе добиеме почеток на преговори за ЕУ, но како критичен аналитичар се сомневам во ова, ја сподели својата загриуженост со демирхисарци професорката Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат на Коалицијата за заедничка Македонија на изборите на 21 април.

ЕУ не е само теротирија, не е само унија на држави, ЕУ е заедница заснована на вредности, на право, на владеење на правото, на либерална слободна економија, на квалификувана државна  и јавна администрација на сите нивоа, на борба со криминалото и корупцијата, земја во која не постои непотизам, земја во која најдобрите се на клучните финкции, а не бегаат од земјата барајќи живот надвор, зашто животот овде го нема. Европски живеат само оние од власта и оние околу нив. Јас велам дека треба да има прераспределба на општествената моќ за да можат сите луѓе да бидат помалку или повече среќни, рече Давкова.

Таа предочи дека пред отворањето на преговорите ЕУ ќе не потсети на прашањето дали има во Македонија правна дрѓава. Нема, констатира таа и се одврнува на она што го вели ЕК додека нејзе овде ја обвинуваат дека била идеалист и верувала во право и правна држава додека светот се заснива на сила, а не на право.

ЕК препорачува да почне од 2021 година да ги казнува членките на ЕУ кои не водат сметка за правната држава. Имав можност денеска да присуствувам на прославата 70 години од формирањето на НАТО. И претставникот на НАТО во Македонија неколкупати повторуваше дека начелата на кои се темели НАТО се владеење на право, правда, морал. Значи, на правиот пат сме ние.

Силјановска вели дека со право предупредува Хан дека во јуни ќе инцираат подготвителна фаза за почеток на преговорите.

Тоа не е упатено до нас, тоа е упатено до власта. Колку време ѝ е потребно за да се подготви за исполнување на критериумите. Во извештаите читаме дека оваа власт која е хибриден реѓим, не е либерална демократија, уште многу нешта има на патот кон ЕУ да исполни. Пред да дојдам овде, се обидов да видам кои се вашите најваѓни проблеми. Прво, невиден раст на непотизам. Локалната власт е фамилијарна власт. Каде што има фамилијарна власт, има односи на потчинетост. Тоа е клиентелизам, а кај што има клиентелизам, има корупција и криминал. Најголема загроза на суверенитетот на Македонија се корупцијата и криминалот. Значи, НАТО не може внатре нас да нè брани. Имаме многу поделено општество, во кое најдобрите не го препознаваат домот и заминуваат по светот, зашто се компетитивни, почитувани, одговорни.

Македонија е една од ретките земји во кои има високо расположение за ЕУ и НАТО, а знаејќи го тоа, власта ги злоупотреби ЕУ и НАТО во референдумското прашање, рече професорката Гордана Силјановска Давкова на митингот во Демир Хисар.

Рејтингот на НАТО и ЕУ во Македонија е драматично паднат. ОД 70 на 40% проценти, но тоа не се должи на нив, туку проблемот е кај нас. Оваа власт ги злоупотреби ЕУ и НАТО во реферундумското прашање. За да има алиби, наместо отворено да праша дали сте за Преспанскиот договор, или да праша дали сте за промена на името, таа тргна со прашањето дали сте за членоство ЕУ и НАТО со склучување на Преспанскиот договор, а власта многу добро знае какво е расположението во Македонија, но заборави дека во Уставот на РМ пишува дека кога ќе гласаме за влез во ЕУ, ќе треба да распишеме задолжителен референдум, рече Силјановска-Давкова.

Кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за заедничка Македонија предочи дека власта ги злоупотребува ЕУ и НАТО за да може комфорно да владее и затоа не треба да добие на претседателските избори, за да не се концентрира целата власт во рацете на оние кои не ја заслужуваат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.