Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата вечерва пред жителите на Крива Паланка порача дека оваа влада нема ниту желба, а ниту знаење за да направи вистински реформи, потенцирајќи дека непотизмот, криминалот и корупцијата се вистинска одлика на СДСМ и Заев.
Тие немаат смисол, ниту желба имаат, ниту знаење имаат, целосно се политички импотентни за препознавање на потребата на квалификувана стручна посветена на граѓаните, државна и јавна администрација. Се фалеа дека ќе се борат со непотизмот, ама непотизмот е нивна политичка филозофија, нема министер кој не вработил некого од семејството и не се загрижени за тоа. Да не говорам за корупцијата и криминал тие стимулирајќи ја и толерирајќи ја корупцијата и криминалот го рушат суверенитетот на Македонија, ја прават Македонија слаба држава, ја прават Македонија пропадната држава. Процесот на одлучување наместо во силни и стабилни институции го лоцираат меѓу двојки, тројки, четворки во неформални на неформален начин во неформални структури одлучуваат за најважните национални прашања. Јас тоа ниту го поддржувам ниту ќе го практикувам, нагласи Силјановска.
На крај Силјановска побра поддршка од граѓаните и масовна излезеноста како на 21 април така и на 5 мај се со цел да може да ја реализира програмата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.