Оваа Влада спроведува политички прогон врз членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, прогон кој се врши преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите, му кажал Христијан Мицкоски, лидер на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ на амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Волтер Пломб.

Мицкоски денеска се сретна со Пломб и на средбата се разговаало за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформски процеси кои се од голема важност за државата.

Го информирав својот соговорник за недостатокот на капацитет и волја кај власта за спроведување на реформските процеси кои се клучни за влезот на Република Македонија во Европската Унија и истакнав дека оваа Влада спроведува политички прогон врз членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, прогон кој се врши преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите. Ја посочив и корупцијата и криминалите на власта како едни од клучните проблеми со кои се соочува Македонија, посочувајќи дека постои сериозен сомнеж дека високи државни фунцкионери се вмешани во сериозни коруциски скандали, рече Мицкоски.

Економијата исто така била една од темите за кои се разговарало на средбата.

Лошиот животен стандард придонесува за иселување на младите што претставува еден од најгорливите проблеми со кои се соочува држава. Се согласивме дека иднината на Македонија е во европското семејство, дека стратешка цел и приоритет на нашата држава е членството во Европската Унија, вели Мицкоски.

На средбата било истакнато огромното значење на поддршката на Кралството Холандија за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но за тоа неопходно е земјава сериозно да се зафати со реформите, каде што за жал моментално власта сериозно заостанува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.