Во време на економска и здравствена криза, Владата на Заев овозможува поголем приход за приватни компании на грбот на граѓаните, велат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев и СДСМ единствено се грижат за своите бизниси. Доказ затоа е континуираната троцифрена бројка на новозаразени од вирусот КОВИД – 19,обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Поради негрижата на Владата на СДСМ сме рекордер во новозаболени и смртни случаи од корона вирусот.
За граѓаните веднаш по изборите следуваше нов шок, зголемување на цената на електричната енергија за 7,4 %.
Цената на електричната енергија ако останеше иста, енергетските компании во 2020 година ќе оствареа приход од: 16.106.756.099 денари.Со зголемувањето од 7,4% овој приход за истата енергија ќе биде 17.303.879.863 денари.Неспособноста на власта се гледа и по пропаѓањето на Еуростандард Банка. Според извештаите по пропаѓањето на оваа банка само околу 10 проценти од лицата успеале да отворат сметки во други банки, што значи дека околу 90.000 граѓани ќе останат без своите пари наредниот месец.
Оваа влада е со краток рок на траење. Од нејзе можеме да очекуваме само неуспеси и разочарувања, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.