Министерот за здравство Венко Филипче денеска, на граничниот премин Табановце ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој му ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.
Лончар истакна дека денеска го исполнуваат она што го ветиле и го договорилие претседателот Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев.
Денеска донесовме 3 510 дози на вакцини за граѓаните на С Македонија што заедно со првата пратка изнесува вкупно 8.190 дози. Исклучително ми е драго што сме во можност да им помогнеме на нашите соседи и пријатели. Од министерот разбрав дека вакцинацијата е почната, дека ќе продолжите понатаму. Она што посакуваме е и вие да биедете безбедни, вашите граѓани што помааку се разболуваат и кога вие ќе имате подобра ситуација, ќе имаме и сите ние и регионот. Тоа е нашата цел, ќе гледаме и понматаму да помагаме. Ова е поздрав од сите граѓани на Србија од претседателот Вучиќ. Продолжуваме понатаму, рече Лончар.
Филипче изјави дека овој чин на солидарност кој беше на иницијатива на Заев и Вучиќ сега се реализира и во втората фаза како што беше најавено. Со добиените вакцини е започнат кај нас процесот на имунизација на здравствените работници и тој, како што посочи Филипче, засега се одвива одлично, во еден пункт со шест места во Клиничкиот центар во Скопје. Досега се вакцинирани околу 1.300 здравствени работници со динамика од 250 – 300 на ден, која ќе продолжи и понатаму.
Оваа количина вакцини ќе биде доволна да се вакцинираат сите здравствени работници во нашата земја кои се во приоритетната група за имунизација, а тоа се здравствените работници кои од почетокот на кризата работат со пациенти заболени од Ковид, рече Филипче заблагодарувајќи се уште еднаш за овој чин на пријателство и добрососедство.
Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4 680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ. Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.