Владата на денешната седница донесе одлука да отпочнат подготовки за спроведување серија активности по повод 30-годишнината од независноста на Република Македонија.
Во насока на организирање на подготовките, согласно стандардите за одбележување значајни годишнини, ќе бидат формирани соодветни работни тела кои треба да ги обезбедат организацијата и спроведувањето на програмските активности за одбележување на 30-годишнината од независноста на Македонија, како еден од најважните и најзначајни датуми и процеси од современата историја на нашата земја, информира владината прес-служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.