За „Синофарм“ вакцините единствена информација за цена е од август лани според која една вакцина би чинела 148 американски долари иако уште тогаш било прогнозирано дека цената ќе оди надолу, објави Телма.

Македонските власти (како и во Унгарија и Црна Гора) се држат до договорот и не откриваат колку пари чини една вакцина.

Според веб сајтот „Биоспејс“ каде се објавени истражувања за цени и ефикасност на повеќе вакцини, најефтини се оние на „Џонсон и Џонсон“ кои се уште не се одобрени и не се користат и чинат 10 долари, руските „Спутник“ чинат 10 долари за една од потребните две дози, а втората кинеска вакцина, „Синовак“ чини 30 долари за извоз, а дупло повеќе за домашниот кинески пазар.

„Фајзер“ за првите 100 милиони дози во САД ќе чини 19 и пол долари по доза.

Вакцините на „Модерна“ и на „Астра Зенека“ според овој сајт чинат меѓу 25 и 37 долари по парче. На веб сајтот биоспејс нема информација за цена на „Синофарм“ која ја набави Македонија.

извор: Телма



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.