Гоце Ристевски, адвокат на Спиро Ристовски во образложението на измената на обвинението од страна на Вилма Русковска вели дека ова не се мали туку суштински измени на обвининелниот акт.

Затоа бараме одложување на главната расправа да имаме време да се подготвиме за новите околности, рече Ристевски пред судот.

Со сличен став е и адвокатот Дончо Наков.

На обвинетите не им беше дадена можност да се произнесат за вина, да достават контра докази и аргументи и затоа бараме одложување, вели Наков.

Судот ги прифати барањата на одбраната и закажа рочишта за 6 и 12 јули.

Претходно, обвинителката Вилма Русковска, наместо завршни зборови, понуди измени на досегашните обвиненија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.