Средношколскиот сојуз вели дека белгискиот модел на дигитализација на образованието е идеален за учениците со оглед на тоа што голем број немаат услови за учење само од дигитални учебници.

Според нашите информации нема ниту една земја која целосно користи дигитални учебници во својот образовен систем. Сојузот смета дека дигитализацијата на образованието е чекор во добар правец, но не смее дигиталното да биде единственото решение. Ние имаме 40.000 ученици кои немаат пристап до интернет или до електронски уреди, вели претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи.

Сојузот на средношколци има вкупно шест забелешки за новата реформа. Главната е дека образовниот систем треба да употребува и конвенционални и дигитални алатки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.