Ова е морбидно, недолично и одвратно! Цела година ништо не направија освен што мислеа на избори и привилегии. Играат врз нашите гробови и ни се потсмеваат! – коментира професорката Билјана Ванковска.
Нејзиниот коментар доаѓа откако денеска СДСМ бираше нов лидер, а единствен кандидат беше досегашниот лидер, Зоран Заев. Иако партиски избори, се гласаше во училишта, библиотеки, домови на култура… Министерот за здравство, Венко Филипче беше еден од првите министри кои му ја честиташе победата на старо-новиот лидер, притоа посочувајќи дека Заев е промената во општеството која генерации граѓани ја чекаа за да ги исполнат соништата на своите деца.
Ова е морбидно, недолично и одвратно! Цела година ништо не маправија освен што мислеа на избори и привилегии. Играат врз нашите гробови и ни се потсмеваат!
Posted by Biljana Vankovska on Sunday, 21 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.