Вчера околу 13:00 часот избувна пожар во близина на граничниот премин Богородица, а беа во опасност блиската бензиска станица, казино, како и граничниот премин кој неколку часа беше затворен. По неколку часовната интервенција пожарот беше локализиран и ставен под контрола, па граничниот премин беше отворен повторно.

Но, она што зачудува е видеото кое го објави телевизијата Канал Вис од едно од возилата кое беше користено за гаснење на пожарот. По самиот изглед на камионот се гледа дека е стар, можеби 50-тина години и кој требал да е одамна вон употреба. Од ДЗС и ЦУК постојано се жалат дека кубурат со ресурси, постојано бараат од Владата интервенција за да се екипираат подобро, но досега ништо. Ситуацијата со Територијалните противпожарни единици е уште полоша, а ова видео е доказ за тоа.

Пред неполн месец, за време на расправата за ребалансот на буџетот за 2021 година, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела амандман за да се обезбедат 90 милиони денари за набавка на 20 нови противпожарни возила, но тој амандман бил одбиен.

Пратениците од мнозинството и членовите на владата од СДСМ – ДУИ не го прифатија овој амандман, на моменти и се исмеваа.

 

Тогаш беше актуелен случајот со пожарот во Галичник кога противпожарното возило беше влечено со ланец.

 

Денес имаме пожари низ целата држава.

Возилото со кое се гаснеше пожарот на Галичник.

И тогаш јавноста прашуваше каде се ер тракторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.