Тенкото мнозинство од 62 пратеника во парламентот не е единствениот фактор кој упатува на нестабилна влада, која порано или подоцна ќе се соочи со демоните кои го прогонуваа досегашното владеење на СДСМ и ДУИ. Да не зборуваме за предизборната кампања и за сè она што беше кажано во неа, вели во својот коментар за „Дојче веле“ новинарот Борис Георгиевски.
Верува ли некој искрено дека влада во овој состав, со таква историја на меѓусебни односи какви што имаат СДСМ и ДУИ и со компромисите кои се направија за да се формира новото мнозинство, има доволно критична маса за сериозни реформи? СДСМ и ДУИ се како рогови во вреќа, кои во моментов немаат реална алтернатива.
Ова е брак од интерес и неопходност. Тој теоретски може да функционира доколку двајцата партнери имаат јасен договор и план за иднината, но и да заврши во моментот кога ќе се отворат алтернативи. А самото конституирање на новата влада ќе отвори процеси во Собранието кои набрзо можат да ги сменат перцепциите за можното и посакуваното.
Во очите на СДСМ, ДУИ не е подготвена да поддржи и да протурка сериозна реформска агенда која ќе ја придвижи земјата на патот кон ЕУ. Тоа и Заев досега честопати јавно го кажуваше. ДУИ, пак, во Заев и неговата политика на „едно општество за сите“ гледа опасност за натамошната промоција на етничките права на Албанците и за сопствениот опстанок како самопрокламиран бранител на тие права.
Целиот коментар тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.