Администраторите на „Јавна соба“ обелоденија дека отвориле нова група по денешните апсења на едно лице во Битола и едно лице во Велес поради овој случај со незаконско споделување и ширење на експлицитни фотографии, преку платформата „Телеграм“.
Кусо време откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски јави за апсењата, групата почна да се полни со една иста порака во која стои известување дека е направена нова група, а администраторот повикува да му пишуваат во приватна порака за да им ја испрати.
Спасовски денеска извести дека се уапсени две лица за случајот „Јавна соба“, а по него премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи, извести дека испратиле категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ со предупредување дека ако тоа не се случи, можно е блокирање на платформата во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.