Во големиот пожар кој избувна ноќта на 2 јануари во ТЦ Глобал Струмица, беа оштетени една третина од пазарот, голем дел од дуќаните на приземјето и на првиот кат, како и дел од оние лоцирани на вториот и третиот кат, додека пак покривот целосно се урна. Според барањата за оштета на тезги и продавници, беа оштетени приближно 50 правни субјекти. Над еден милион евра штета беше пријавена од физичките и правните лица до општинската комисија во Струмица.

Ова се фотографиите пред и потоа од единствениот во дуќан што е целосно саниран и веќе вратен во првобитниот изглед и повторно отворен. 

Досега нема информации за тоа колку државни институции досега донирале и колку пари се дале за обнова на обожарениот трговски центар „Глобал“ во Струмица. Од Владата за Република велат дека немаат увид, додека од Здружението за обнова, пак, велат дека ќе по завршувањето на санациите ќе побараат согласност од дарителите за објавување на хуманите дела.

На иницијативна на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“, Владата на 40-та седница (19 јануари) донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на приватниот сектор, во рамки на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ „Глобал“ – Струмица.

Две донации се допишани во имотниот лист на премиерот Зоран Заев. Едната е во износ од 1.000.000 денари за помош за обнова на изгорениот дел од трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, а другата е 770.000 денари за Министерството за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.