Отстранувањето на Лазе Велковски, човек од доверба на американската ДЕА и соработник на обвинителката Вилма Рускоска, е најава дека одмаздата на организираниот криминал во Македонија нема да запре, aнализира Плусинфо. Според нив следна за отстрел е токму обвинителката Русковска.
Лазе Велковски, началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, пензиониран експресно по исполнувањето на условот 40 години работен стаж, ја разгледува можноста со тужба да почне правна битка против лицата кои му го ускратија законското право да остане во службата до 45 години работен стаж, дознава Плусинфо.
Решението за пензионирањето на Велковски го потпишал министерот Оливер Спасовски, а лично му го врачил директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски. „Досегашниот началник на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал Лазе Велковски не е разрешен, туку го исполни условот за пензионирање – 40 години работен стаж, со што работниот однос му престанува согласно Законот за внатрешни работи. На негово место, со времено решение, е поставен Ветон Кранлиевски, државен советник во Кабинетот на министерот и долгогодишен вработен во Министерството за внатрешни работи“, се вели во објаснувањето на МВР, без притоа да се даде одговор зошто на Велковски не му се дава законската можност за продолжување на работниот однос.
Според членот 174 од Законот за внатрешни работи, секој вработен во МВР има право да побара продолжување на вработувањето до 45 години работен стаж, без оглед на возраста. Велковски поднел писмена изјава за продолжување на договорот за вработување и според словото на Законот, МВР е должно да постапи по неговото барање.
Дали Велковски е жртва за апсењето на Драги Рашковски?
Како што е познато, Лазе Велковски до август 2018 година беше на позицијата директор на Бирото за јавна безбедност. Но, на предлог на министерот Оливер Спасовски, тој беше сменет, откако внатрешна истрага утврди дека користел службено возило за приватни цели, за превезување на членови на неговото семејство во Грција. Тогаш не се дозна кој го следел службеното возило и направил фотографии и кој издал налог за тоа.
Како началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Лазе Велковски, кој по наредба на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска е и истражител на ова обвинителство, учествуваше и раководеше со неколку акции со кои брцна во окото на организираниот криминал во Македонија. Тоа е причината поради која е отстранет од челната позиција на овој Сектор, велат извори на Плусинфо.
Порталот СДК шпекулира дека клучен мотив за отстранувањето на Велковски е истрагата против Драги Рашковски, која сега е проширена и за други дела. СДК во „досието“ на Драги Рашковски ги вбројува и истражувањето на елементи за вмешаност на организирана злосторничка група за незаконските патни исправи, дојавата и бегството на наркобосовите по акцијата во Сарај и Ченто, но и бројни други предистраги за кои подолго време се зборува, а кои наводно допирале до високи раководни структури.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.