Последниот пациент кој беше повреден во автобуската несреќа на автопатот „Струма” во Бугарија, денеска е отпуштен од Клиниката за неврохирургија на болницата Пирогов во Софија.

Медицински тим од Македонија попладнево го пренесува пациентот во татковината, јави дописникот на МИА од Софија.

Ова е седмиот повреден во инцидентот на 23 ноември во кој загинаа 45 лица, државјани на Македонија.

Во денешното соопштение од болницата Пирогов се вели дека сите странски државјани кои ја преживеале несреќата на автопатот Струма се пренесени и нивната состојба се следи во Македонија и Србија по нивното отпуштање од Пирогов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.