Денеска Собранието ќе треба да ги избере потпретседателите. Но, она што паѓа во очи е нивниот број.Дури петмина ќе го заменуваат Талат Џафери кога тој ќе биде отсутен или спречен да присуствува на седниците.
„Република“ направи пресметка колку ќе ги чинат граѓаните петте потпретседатели. За еден од нив на име на плати, службен возач, секретарка, кабинет чини најмалку 20.000 евра месечно. Ако се помножи оваа сума по пет се добива сума од околку 240.000 евра. За овие пари може да се плати лекување на некое дете во странство или да се дадат на некои социјални случаи наместо да се задоволуваат партиските потреби.
Помпезното најавување на пратениците Зоран Заев и Љупчо Николовски дека ќе се откажат од патните трошоци делуваат како евтина реклама ако се знае дека од друга страна се трошат стотици илјади евра за потпретседатели на Законодавниот дом.
За време на власта на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Трајко Вељановски имаше тројца потпретседатели, за разлика од сегашните пет.
На тоа реагираше и претдодниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски кој смета дека нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.