Откажани се сите состаноци на партиските тела во СДСМ на кои требаше да се расправа за оставката на претседателот на партијата Зоран Заев, објави „Слободен печат“.

Состаноците на Централниот и на Извршниот одбор се откажани поради страшната сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 македонски државјани.

Заев по средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши минатиот петок изјави дека во вторник ќе ја активира оставката на претседателското место во СДСМ. Тој тогаш рече цека ќе побара од органите и телата на партијата да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира неговата оставка и веднаш да почне постапката за избор на нов претседател на партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.