По барање на семејствата, откажана е поворката за загинатите од несреќата во Бугарија, која требаше да поминува низ Скопје. Како што соопшти вчеравечер Министерството за надворешни работи вечерва, има промена во часот при пречекот и испраќањето на загинатите  до нивните домови и вечни почивалишта. Телата од аеродромот ќе бидат пренесени во домовите на семејствата, односно нема да има поворка која требаше да помине пред плоштадот Скендербег.

Почитувани, ве известуваме дека посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа во Бугарија после нивниот транспорт на аеродромот во Скопје, веднаш ќе бидат упатени кон нивните домови и вечни почивалишта, велат од МНР.

Оваа измена доаѓа согласно барањата на дел од семејствата на загинатите, а со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва. За граѓаните кои сакаат да оддадат почит, сè уште останува можноста тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.

Првично беше најавено дека посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќаната несреќа во Бугарија се очекува утре во 9 часот да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје. По пристигнувањето, како што првично најави МНР, поворката требаше да се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.