Министерството за транспорт и врски соопшти дека ги почнале консултацииите со релевантните институции и асоцијации во однос на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти. Министерот Благој Бочварски имал работна средби со Асоцијацијата на архитекти, а учествувал и на дебатата за овој закон што ја организираше Антокорупциската комисија.
Министерството информира дека на средбите се разговарало за измени и дополување на Законот во насока на подобрување на делови од законското решение и ставање во правна рамка на нелегалните објекти пред повторно Законот да се разгледува во Собранието и дека биле понудени дополнителни предлози на законското решение со цел подбрување на условите за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти.
Како што најавив, веќе ја отворивме стручната дебата околу Законот за утврдување правен стстус на бесправно изградените објекти. Денеска имавме одлична средба со Асоцијацијата на архитекти, а учествува и на јавната расправа во организација на ДКСК. Се дадоа предлози во насока на подобрување на Законот и во следните денови сите предлози детално ќе ги разгледаме и ќе ги усогласуваме заеднички. Нашата намера е преку оторена дебата со сите заинтересирани страни, ЗЕЛС, граѓански здруженија и асоцијации, пратенички групи, да го подобриме законското решение и да понудиме подобри и фер можности за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти – вели Бочварски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.