На денешното рочиште за случајот Титаник неколку сведоци на Лиле Стефанова во целост ги демантираа и ги демонтираа нејзините лажни тези за нелегално финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ. Сведоците Митков, Крстевски и Реџепи, како долгогодишни партиски и истакнати членови на ВМРО од Кочани, Куманово и Центар потврдија дека на повеќепати на благајниците на нивните општински комитети давале парични средства по основ на членарина и донации како и дека своерачно ги пополнувале уплатниците за донации за изборната кампања во 2011 година. На претходното рочиште банкарските службеници како сведоци повторно на Стефанова потврдија дека во 2011 година било апсолутно законски уплата во банка во име на друг човек до 60.000 денари. Уплатниците кои Стефанова ги спори се токму до овој износ.

Сведоците одговараа на прашања и на одбраната, па така на прашањето од Илија Димовски дали уплатата на било кој износ била поттикната од било кој од обвинетите во салата, ниеден од сведоците не одговори позитивно, напротив тоа била нивна волја и желба да помогнат со свој придонес на партијата.

На прашањето од Миле Јанакиески дали било вообичаено да се донираат поголеми суми од вообичаените месечни средства за членарина на почетокот на секоја изборна кампања, сведоците одговорија позитивно дека тоа е вообичаена пракса со оглед на поголемите трошоци на комитетите за време на изборите.

Прашањата на адвокатскиот тим на обвинетите пак преку прашањата до сведоците успеа да го расветли на Судот и на јавноста фактот дека сведоците во СЈО биле повикувани без присуство на бранителите на осомничените што се коси со новиот ЗКП кој не се почитувал во целост од тогашното СЈО и сегашната застапничка на обвинението, Лиле Стефанова.

Дополнително на овој факт, Стефанова од петни жили се трудеше да не и дозволи директно испрашување на сведоците од страна на одбраната поради според нејзе „непостоење на околности за директно испрашување“ Оваа нејзина очајна намера сепак Судот не ја дозволи имајќи ги во предвид точните околности поради кои адвокатите Сања Алексиќ и Боро Тасевски од многу порано се повикале со цел сведоците да бидат директно испрашувани од одбраната.

При крајот на рочиштето Стефанова на сопствена иницијатива се повлече од директно испитување на сведок од Свети Николе предложен лично од неа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.