Откако пред неколку дена Уставниот суд реши да не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието се поставува прашањето кој ќе ги распише изборите кога тие да се случат.

Владата на седницата на 21 март донсе Уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите.

Со Уредбата, Владата ја задолжува Државната изборна комисија да ја обезбеди и чува постојната изборна документација до продолжување на спроведувањето на изборните дејствија и изборите, откако ќе биде прогласен престанок на вонредната состојба.

Уредбата ја задолжи ДИК во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба на својата веб-страница да објави ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија.

Но, Владата не може со уредба со законска сила да утврди нов датум за избори, ниту пак Државната изборна комисија е овластена да врши ревидирање на изборните рокови без без да биде утврден точниот датум за избори.

Експертите што ги консултиравме велат дека одлука за нов датум за изботи може да донесе само Собранието но прашање е како тоа ќе го стори кога и спикерот Џафери рече дека нема законска можност да ги свика пратениците, а сега згора на тоа ја имаме и одлуката на Уставнииот суд околу распуштањето на Собранието. Згора на тоа ДИК нема законска можност да ревидира изборен роковник без закажан нов изборен ден



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.