Кога пред речиси две недели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборуваше за техничка влада која ќе подготви терен за фер избори, власта не прифаќаше. Сепак, се чини случувањата ги променија ставовивте. Премиерот Зоран Заев ја отвори можноста за формирање на Влада на Национален спас во која би влегла и опозицијата. Иако пред два дена побара Собранието да гласа доверба на Владата и ја протурка довербата на мускули, денеска со новиот став призна дека нема стабилно парламентарно мнозинство во Собранието и го прифаќа предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски за широка техничка Влада.

Пред циркусот со гласање доверба на Влада, јавноста имаше можност да гледа уште една театарска претстава од кујната на Зоран Заев. Наводното бегство на Сашо Мијалков и неговото ненадејно појавување пред обвинителството, кога го улови камерата на Телевизија 24, а никако, и покрај сите можни потерници, следења и контроли, полицијата не успеа да види дека тој се движи низ Скопје.

Сега, по неуспешниот обид за пуч во ВМРО ДПМНЕ, од страна на Заев, откако Сашо Мијалков заврши во притвор, а вториот ас Никола Тодоров се виде дека не е способен да молибилизира ниту куќен совет, премиерот го прифаќа предлогот за широка техничка влада.

Овој предлог неодамна го изложи лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него техничката влада би била единствена можност за органзирање фер и демократски избори, посочувајќи дека тоа е единствен начин да се врати достоинствениот живот на граѓаните.

Заев очигледно соочен со реалноста која  покажа дека гласањето мнозинство во Собранието беше чиста фарса и фактот дека довербата дадена за него се провлече низ иглени уши, реши да игра на нова карта и да ја прифати понудата на опозицијата за формирање широка коалиција.

Заев после изгласаната доверба на владата рече дека расте и неговата одговорност да се одблокира Парламентот, по законски основи, по пат на Деловник и по пат на разговори, а еден ден потоа го немаше тоа парлементарно мнозинство за непречена работа на Собранието.

Голема чест е што добив доверба, навистина првпат премиер ја користи деловничката алатка од членот 217 став 2, и сам да побара доверба. Јас сум среќен, сум благодарен за поддршката од мнозинството во Парламентот заради тоа што тоа е основа за да продолжиме да работиме. Пред се сум благодарен што сета оваа неизвесност ја тргнавме од граѓаните. Долг период, три-четирири, ако не и шест месеци, имаме закани дека не постои парламентарно мнозинство, дека Владата ќе падне, а тоа влијае на целиот народ, влијае на економијата, на администрацијата, на Владата, овие облаци, оваа магла ја тргнавме, и тоа е многу значајно заради општествените придобивки, рече Заев.

Од друга страна пак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште одамна бараше оставка на целата Влада и формирање на експертска Влада, која што би подготвила терен за фер избори.

Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви терен за фер избори. Да избереме влада на чест, која ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат, а тоа е достоинствен живот, побара неодамна Мицкоски.

Тогаш ваквото барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на власта беше отфрлено, и истите да се истрчаа да изгласаат доверба со само 62 пратеници на сопствената Влада, за да следниот ден Парлементот да го нема потребното мнозинство на непречана работа на истиот.

Премиерот Зоран Заев преку Слободен Печат го изложи планот според кој тој би владеел по урнекот на германската канцеларка Ангела Меркел односно и да изгуби би останал во влада на широка коалиција без да биде санкциониран за тоа што го сторил досега.

Понудата на Заев доаѓа откако пропадна обидот на таканаречената Мериот коалиција да го смени Мицкоски од челното место во ВМРО-ДПМНЕ, а анкетите покажуваат дека СДСМ ќе доживее тежок пораз на следните избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.