Собранието попладнево без расправа во рамки на 131. седница донесе неколку закони по скратена постапка.

Беа донесени Законот за заштита на личните податоци, измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиусмки услуги, измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците и Законот за управување со движењето на предметите во судовите, како и измените на Законот за урбано зеленило.

По ова, спикерот Талата Џафери ја прекина 131. седница и ја почна 137. седница со единствена точка на дневен ред – самораспуштање на Собранието.

Додека се носеа законите на 131. седница не беа присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие повторно се вратија во пленарната сала штом почна 137. седница.

Во моментов се обраќа претседателот на Собранието како предлагач на одлуката за самораспуштање на Парламентот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.