Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ одржа состанок на кој беа разгледани подготовките за Конгресот закажан за 28 март во Скопје.

Заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес.

Иницијативниот одбор навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.