Авион со 180 државјани на Македонија синоќа слета од Бон во Скопје.

Пред да пристигнат, Владата на својот Фејсбук профил се пофали дека им обезбедила вода и закуска на патниците.

Осум автобуси се подготвени, со темелна дезинфекција, со заштита на возачите и со обезбедени закуска и вода за патниците. Согласно протоколите за државни карантини, граѓаните ќе се упатат во хотел Дрим во Струга, каде ќе поминат 14 дена во изолација – напишаа од Владата на Фејсбук.

Како што може да се види и од фотографиите, во закуската на секое седиште во автобусот, има шише со пола литар вода и смоки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.