Посетата на косовскиот заменик министер за правда на Блерим Салаху на Скопје е одложена, потврдија за МИА од Министерството за правда во Скопје.

Салаху требаше да го посети затворот „Идризово“ и да оствари средба со раководството на установата. Тој најави и дека за време на таа посета ќе се сретне и со осудените терористи од случајот „Диво насеље“.

Но, вчера заменик-министерот за правда Агим Нухиу за МИА демантираше дека е предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“, туку дека Салаху ќе има средба само со него и управата на затворот.

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши, меѓу другите точки за влез на Алтернатива во Владата, договорија и меѓународен мониторинг на случаите „Диво насеље“, „Монструм“, „Алфа“, „Алмир Алиу“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.