Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари официјална посета на Република Косово.
Како што информираат од МНР, покрај средбата со својот домаќин, министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Грвала Шварц, Османи ќе оствари средби и со други високи претставници на државата, претседателот на Република Косово Вјоса Османи, претседателот на Парламентот Глаук Коњуфца, како и претседателот на Владата, Албин Курти.
–За време на посетата ќе бидат разменети мислења за прашања значајни за продлабочување на билатералните односи меѓу двете пријателски и соседни држави, идните проекти и приоритети, кои ќе бидат тема и за идната заедничка владина седница, перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, посебно во областа на економијата и трговската размена, наведуваат од МНР.
Се очекува да бидат разменети мислења во врска со актуелните состојби во регионот, регионалната соработка, безбедносните прашања, современите предизвици и перспективите на земјите од регионот од интерес за нивната интеграција во европските и евро-атлантските структури
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.