Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, која е во официјална посета на Република  Македонија и нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски, денеска положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје. Сепак од фотографијата од државната МИА не се гледа моментот на положување цвеќе на вечното почивалиште на македонскиот револуционер.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, по завршувањето на церемонијата, Пендаровски и  Зурабишвили во црквата Св. Спас ја посетија спомен-собата на Гоце Делчев, каде им беше презентиран саркофагот со кој се пренесени моштите на Гоце Делчев од Софија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.