Роберт Поповски, кој во претходниот состав на Владата беше министер без ресор, се враќа во Владата како национален координатор за одговорно владеење и транспарентност.

На вчерашна седница Владата го именувала Поповски на новата функција. На седницата бил именуван и национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка. На тоа место доаѓа поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, кој пред именувањето на новата функција е разрешен од позицијата национален координатор за културата и меѓуресорска соработка.

Заев, пред извесно време најави дека дел од пранешните членови на Владата и Собранието, од редовите на СДСМ, ќе бидат ангажирани на други функции во извршната власт, за да не одат на апанажа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.