Лекарската Комора, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Фондот за здравствено осигурување не добиле пријава да направат надзор откако пратеникот Антонијо Милошоски на Фејсбук ја објави дијагнозата од лекарското боледување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а ја пренесоа дел од медиумите, пишува СДК.мк
Калина Старделова Гривчева, претседателка на Лекарската комора, вели дека не ја видела објавата, но за да направи стручен надзор Лекарската комора, треба да има пријава.
Специјалното јавно обвинителство на 18 јули објави дека Јанева е на боледување од 16 јули, а на 23 јули таа дојде на работа во СЈО, кога и одржа прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.