„Изодевме долг и тежок пат за да стигнеме тука. Но, заедно можеме да направиме многу повеќе. Ние денес носиме одлука да продолжиме напред, затоа што заслужуваме модерна, европска држава“, вели кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, во видео-обраќање со кое денес ја започна петседателската кампања.
Ќе бидам претседател на сите граѓани. Заедно ќе изградиме силна, безбедна и економски напредна држава. Заедно одиме напред! – напиша кандидатот за претседател на СДСМ, Пендаровски на Фејсбук.
Тој во својот спот ги искористи ликот на Гоце Делчев, на Блаже Коневски, ги искористи спортистите на Република Македонија. Дали Пендаровски на овој начин се обидува да се искупи за болката што СДСМ ја нанесе на македонскиот народ со промената на уставното име?!Дали ова е начин да го убедуваат народот дека идентитетот не е сменет?! Онака како што го убедуваа народот дена нема да има промена ниту на Устав, ниту на име, ниту на идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.