Повикот на џихад во Велес не ви пречеше, а легитимниот повик на митрополитот Агатангел ќе го казнувате. Срам да ви е, порача денеска свештеникот Оливер Петровски.

– ЈО Велес ќе поднесува пријава по “допрен глас” против високопреосветениот митрополит Агатангел затоа што ги повика верните на заедничка молитва во ДВОРОВИТЕ на Црквите со запазување на владините мерки. Најверојатно ЈО Велес биле на чистење на ушите или на одмор кога во Велес повикуваа на џихад. Двојни аршини или намерна провокација за омраза помеѓу христијаните и муслиманите? Со кој образ ќе излезете утре пред народот? Срам да ви е! Ако воопшто знаете што е срам… Колку за потсетување, полицискиот час во Велес почнува од 16.00 часот, објави на Фејсбук Петровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.