Граѓанин реагираше дека инфографикот објавен на страницата на министерот за здравство Венко Филипче е непотпишан плагијат и дека треба да се внимава на интелектуалната сопственост.
Министре, дури и во време на криза треба да внимаваме и на други вредности како што е интелектуалната сопственост.. Овој инфографик е направен од Гери Варшоу врз основа на истражување на Сингер лабораторијата на Универзитетот во Сан Диего. Ни едното ни другото не е спомнато на оваа преработена верзија која што треба да личи на авторски труд на вашиот тим за комуникации. Не е лошо да ги потсетите да се коригираат, пишува во коментарот, во кој е споделено и оригиналното графичко решение.
Министерот се заблагодари на укажувањето и вети дека веднаш ќе биде додадена таа информација и референца, но засега тоа не е направено.
Претходно, владиниот тим се посвети и на изработка на вибер-стикери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.