Контроверзниот Ден Дончев поднесе оставка на местото директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Како објаснување за оставката, тој навел „семејни и лични причини“. Тоа е веста на денот. Во изјави за некои медиуми, самиот Дончев ја потврдил веста. Владата ја „констатирала“ оставката. Без објаснување и без коментар, пишува Бранко Героски во својата колумна во „Плусинфо“.

Во меѓувреме, во кулоарите се слушна и малку подетално објаснување на „семејните и лични“ прилики, кои наводно го навеле Дончев да се збогува од функцијата директор на државната здравствена каса, која му овозможуваше од 2017 година до денеска да располага со околу 700 милиони евра годишно. Судејќи според тие верзии, можеби има вистина и во шпекулациите дека Ден Дончев се подготвува да си замине назад во Австралија.

Алибито веројатно е подготвено. Инаку, шпекулацијата за најавеното бегство на сега веќе поранешниот директор на ФЗО во Австралија ме потсети на една анегдота која често се раскажува за него – сите Македонци одат на гурбет во Австралија, само Ден Дончев од Австралија доаѓа на гурбет во Македонија.

Зошто Дончев би избегал во Австралија? Да почнеме со ред.

Аферата „Диамед“ има уште една, клучна, рекетарска епизода

Како што е познато, лани во септември, во Плусинфо ја отворив аферата тогаш наречена „Рекет 2“. Името потоа го презеде една друга афера поврзана со невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, но приказната остана.

Целиот текст тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.