Осумката стана број судбински поврзан со Зоран Заев, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Штип. Тој потсети на осумте милиони за „Глобал“ и осумте милиони евра во „Рекет“.
Го аболираа за криминал од 8.5 милиони евра за „Глобал“, а сега гледам оваа осмица е актуелна и во аферата „Рекет“. И толку многу често, толку многу пати Заев е погрешно разбран, што веќе станува апсурдно. Кога го фатија за Глобал, велеше дека е жртва, кога го фатија како бара евро за него евро за Вицето, евро за црквата, велеше дека бил дарежлив. Кога нудеше 100 илјади евра поткуп за Вартоломеј, велеше дека е филантроп па сакал да помогне. Сега за куферот полн пари во Рекет вели пу пу не важи. На Бојан Јовановски сам му текнало да бара пари. Работите се премногу очигледни, толку мириса на криминал што Вардар не го пере.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.