Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19 во земјава.
Починати се 8 лица, два пациенти од Тетово (60г. и 71г.), од Делчево (78г.), Струга (63г.), Скопје (59г.), од Дебар (52г.) и два пациенти од Охрид (70г. и 94г).
Од последо регистрираните заразени со Ковид-19, најмногу се од Скопје, а потоа следува Охрид.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15226, бројката на оздравени пациенти е 12700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1895.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.