И по речиси осум месеци, нема судска одлука, дали поранешната директорка на Дерматологија, д-р Нина Цаца Биљановска свесно не постапила по препораките и евентуално придонела за ширење на корона вирусот.
Таа првично беше осудена и требаше да плати 10 илјади евра, зашто наместо во изолација, откако се врати од скијање од Италија на 29 февруари, таа отиде на работа и ја стави под клуч цела кожна клиника, пишува Алсат.
Биљаноска се жалеше на одлуката, но досега судењата се одлагаа. Не можела да ги собере потребните докази. Сега судот по службена должност ќе ги бара од Институтот за дерматологија. Докторката, обвинителството ја гони по член 205 од Кривичниот законик – пренесување заразна болест.
Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три годинa.
Доктор Биљановска на крајот од февруари, кога во земјава се појавија првите случаи со симптоми на корона вирус, спротивно на здравствените протоколи, не се самоизолираше. Иако препораките беа секој кој се враќа од странство, да оди во четиринаесет дневна изолација, таа отиде на Клиниката за дерматологија каде беше директорка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.